Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Крсто Лазаров Иванов

Роден е 1881 година во с. Коњух, Кумановско. Со својата мајка и еден од неговите браќа се преселил во Куманово. По Виничката афера бега во Ќустендил, па во Софија кај постариот брат. Во 1900 година прв пат влегува со вооружена чета во Македонија како четник во четата на капетан Јордан Стојанов.

К.Лазаров го напушта ВМОК и се присоединува кон четата на Н.Пушкаров со која влегуваат во Македонија и четите на кратовскиот војвода Д.Берберчетои велешкиот војвода П.Костантинов. Основната цел на четата во Илинденското востание била експлозија на железничката линија Скопје – Велес кај с.Новачани каде водат повеќекратни борби со турскиот аскер.

По востанието е четник во четите на Михаил Чаков и Коста Нунков во Кумановско. Во 1905 година го убил водачот на српската пропаганда во Куманово. До 1907 година е кумановски околиски војвода и дејствѕува со чета иод 8 души. По Младотурскиот преврат е легален, од 16 јули 1908 година до Божик 1909 година, кога бега во Бугарија. Пак се враќа во Македонија, составува чета и води успешни борби против српската пропаганда.

Учествувал во Балканските и Првата светска војна. Во 1922 година со своја чета го обиколува Кумановско, но од јули 1924 година контролата на границата се засилува и влегувањето станува многу тешко.

После 1941 година се прибрал во родната околија. Во ноември 1944 година е востановена комунистичка власт. На 14 јануари 1945 година  комунистичките власти го заробуваат и осудуваат на смрт, како соработник на бугарскиот фашистички окупатор. Истиот ден, заедно со уште други 47 души тој исчезнува без трага.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik